About
ИСТОРИЈАТ
Статус на Заштитеното подрачје: Категорија II (Национален Парк).
Прво прогласување (1949‐1952): Врз основа на чл. 73 т. 4 од Уставот на Народна Република Македонија во врска со чл. 5 и т. 7 од Законот за Президиумот на Народното Собрание на НРМ го прогласува Законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк што го донесе Народното Собрание на НРМ на седницата од 18 април 1949 година, кој гласи: “Указ за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк” Службен весник на НРМ, бр.10 од 05. 05. 1949 година).
Препрогласување (1952): На 3.07.1952 година, границите на Заштитеното Подрачје биле начително проширени со донесувањето на Законoт за изменување на законот за прогласување на шумските предели околу Мавровското Поле за Национален Парк (Службен лист на СФРЈ, бр. 23 од 23.04.1952 година). Со овие измени, површината на Националниот Парк била зголемена дури за шестпати, односно од 11,750 ha на 73,088 ha. Во овие нови граници биле вклучени 37 селски населби од четирите локални предели: Мавровска Котлина, Горна Река, Мала Река и Долна Река.
Географска локација и административна припадност
Националниот Парк Маврово (НПМ) е лоциран во северо‐западниот дел на Република Македонија, на тромеѓето помеѓу Република Албанија, Република Косово и Република Македонија, на северна географска широчина од 410 33’01’’ до 410 52’39’’ и источна географска должина од 20031’02’’ до 200
48’59’’, помеѓу градовите Гостивар, Дебар и Кичево.
Источната граница на НПМ во северните делови се протега по било од западните падини на Шар Планина а потоа продолжува по главното било на планината Бистра. Јужната граница на НПМ, во правец исток‐запад оди долж течението на Мала Река, се до нејзиниот влив во Радика а потоа, од Бошков Мост кон запад, по билото на планината Крчин се до Македонско‐Албанската граница.
Западната граница се поклопува со државната граница и се протега по билото на планините Крчин, Дешат и Кораб. Северната граница ја чинат падините на Шар Планина, кои го затвараат сливот на Радика.
Површината која ја зафаќа ова заштитено подрачје изнесува 73,088 ha, според стариот начин на пресметување, односно 72,204.1 ha, според новиот начин на пресметување.
Надморската височина се движи од минимум 600 m до максимум 2,764 m. Административно,територијата на НПМ припаѓа на 2 (две) општини и тоа општината Маврово‐Ростуше и општината Гостивар.

Mission
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.
Vision
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.
Values
-
Lorem ipsum dolor sit amet
-
Luctus nec ullam corper
-
Pulvinar dapibus leo
